Властите во кинеските градови нудат парични награди и бесплатни електронски книги за да ги спречат луѓето да патуваат следниот месец кога се слави кинеска Нова година.
Кинеската Нова година е најважниот празник во Кина, кога стотици милиони луѓе патуваат во своите родни градови за семејно обединување. Големиот број патници од кои најмногу се печалбари, ја прават најголемата миграција на луѓе во светот.
Но, работите ќе бидат поинакви оваа година, кога Новата година е на 12 февруари, бидејќи кинеските власти им порачаа на печалбарите да останат таму каде што се за да го ублажат ризикот од ширење на ковид-19. Ова го прават бидејќи властите настојуваат да спречат нови жаришта на коронавирусот на североистокот од државата.
Некои градови им нудат 1.000 јуани (155 долари) на оние кои не патуваат, додека други ги отвораат своите туристички атракции за печалбарите да ги посетуваат бесплатно наместо да го напуштат градот.
Една област во централниот град Чангша им дава 30 гигабајти мобилни податоци, 200 електронски книги и бесплатни маски за оние кои нема да патуваат.