Изградбата на брана на „светата“ река Јарлунг Сангпо, е дел од обидот на Кина да постигне намалување на емисиите на јаглерод диоксид, но експертите се грижат за влијанието врз моќната река која се наоѓа во автономниот регион на Тибет, објавува „Ал џезира“.
Тибетанците веруваат дека реката Јарлунг Цангпо претставува тело на божицата Дорје Пагмо, една од највисоките инкарнации во тибетската култура и поради тоа ја сметаат за „света“. Јарлунг Цангпо извира во западниот дел на Тибет на надморска височина од речиси 5.000 метри. Таа е дел од горниот тек на реката Брахмапутра која тече низ Индија и Бангладеш.
Кинеските власти најавија и изградба на хидроцентрала, покрај изградбата на браната. Новата хидроцентрала ќе има трипати поголем капацитет за производство на електрична енергија од централата „Три клисури“, што се наоѓа на кинеската река Јангце, која за сега е најголема хидроцентрала во светот. За нејзина изградба извршена е преселба на повеќе од 1,4 милиони луѓе. Според кинескиот државен весник „Глобал тајмс“ новата брана ќе се гради во областа Медог која има 14.000 жители.