Ким Катрал и натаму стои на својата одлука да не учествува во снимањето на нови филмови за „Сексот и градот“, бидејќи, како што вели, се соочила со „многу мизерија“ поради негативните критики и реакции, објавува „Дејли мејл“.
Шеесет и четиригодишната актерка во телевизиската серија „Сексот и градот“ и во двата филма, го играше популарниот лик на Саманта Џонс, но одби да учествува во уште еден филм поради расправија и недоразбирање со својата колешка Сара Џесика Паркер.
Катрал разговараше со „Дејли мејл“ откако беше објавена информацијата дека „Ејч-би-оу макс“ размислува за нова сезона на „Сексот и градот“, но овој пат без неа.
Освен Катрал, во серијата се очекува да се врати Паркер како Кери Бредшо, исто како и останатите актерки – Кристин Дејвис која ја игра Шарлот и Синтија Никсон која ја игра Миранда.
Отсуството на Катрал не треба да зачудува, бидејќи таа повеќе пати кажа дека веќе не е заинтересирана да се врати во франшизата.
Оригиналната серија траеше од 1998 до 2004 година по што следуваа два филма во 2008 и во 2010 година.