Кога имала само пет месеца, женката-кенгур Абигејл ја изгубила својата мајка. Меѓутоа, доброволците што работат во спасувачкиот центар за кенгури „Алис Спрингс“ во Австралија, ја спасиле и ја згрижиле. Волонтерите секојдневно ѝ давале неизмерно многу љубов и грижа.
Абигејл, и покрај што од нејзиното спасување минале десет години, секој ден доаѓа и ги прегрнува луѓето што се погрижиле за неа.
Поради нејзината мила и пријателска природа кенгурчето е наречено Кралица.
– Аби дојде кај нас како сираче кога имаше само пет месеци, целата со гребаници и рани. Таа израсна во прекрасен кенгур и е единствена што доаѓа да се гушка и гали. Таа е прекрасна – напишаа доброволците од „Алис Спрингс“ на нивната фејсбук-страна.
Nothing more beautiful than loving cuddles from Queen AbiFor licensing or usage please contact licensing@viralhog.com
Posted by The Kangaroo Sanctuary Alice Springs on Сабота, 01 октомври 2016