Истражување

Истражување покажало дека кафето може да ги подобри перформансите кај оние лица што вежбаат. Истражувачите собрале 46 велосипедисти аматери, кои вежбале еднаш до трипати неделно во изминатата година. Од нив било побарано да пополнат прашалник за тоа колку кафе обично пијат, а потоа биле поделени во две групи, група што пиела помалку кафе, од една до две шолји на ден, и група што пиела повеќе кафе, од четири до пет шолји на ден.
На некои од велосипедистите истражувачите им дале шолја кафе од одредена марка, која содржела три милиграми кофеин на килограм, додека другите пиеле плацебо. Еден час подоцна, тие возеле статични велосипеди пет километри.
Консумирањето кафе ги подобрило физичките перформанси во просек за 1,7 процент, без оглед на количеството што тие обично го пијат. Тоа не е некое големо зголемување, но за оние што сакаат да ја зголемат издржливоста, еспресото може да биде корисно.
Претходните истражувања покажале дека кафето може да ја зголеми издржливоста со потиснување на болката, намалување на заморот и подобрување на невромускулните перформанси.
– Целта на новото истражување беше да се утврди влијанието на внесувањето кофеин врз возењето велосипед во должина од пет километри. Консумирањето кафе и внесувањето кофеин ги подобри перформансите кај оние лица што пијат помалку и повеќе кафе во слична мера – објаснува д-р Нил Кларк од универзитетот „Ковентри“ во Англија.