Пандемијата на коронавирус значително го промени животот низ целиот свет, а не го прескокна ниту Холивуд, пишува „Ју-ес-еј тудеј“. Додека најголемиот дел од снимањето на филмови и телевизиски емисии во живо е прекинато, неколку емисии во доцните вечерни часови и дневни ток-шоуа, „Сабота вечер во живо“ и „Американски идол“ се меѓу оние што вршат снимање на далечина, честопати од домовите на изведувачите.
„Гласот“ на Ен-би-си ќе се приклучи на таквиот начин на работење од понеделник, „Америка има талент“ налето; и наградите „Детски избор“ ќе се доделуаат на далечина в сабота.
Со помош на Зум, камерите на телефоните и добра волја, се произведува телевизиска програма. Но, овие епизоди со слаба резолуција не се ни блиску до елегантните серии кои Американците се навикнати да ги гледаат.
Па се поставува прашањето дали функционира телевизиската програма снимена на далечина? И кој го прави тоа најдобро?
Во целина, овој нов нискотехнолошки стил на производство е доволно добар, иако квалитетот зависи од шоуто и луѓето кои се подготвени да се појават на екранот од домашна работна средина.
Некои, како Џон Оливер водителот на „Минатата недела вечерва“ на ХБО, никогаш не се потпирале на трикови. Британскиот комичар долго време наликуваше на сатиричен новинар и неговиот информативен монолог навистина не страда без смеењето на публиката во позадина. Неговата привлечност е во зборовите, а сценариото е остро како и секогаш.