Новогодишното одбројување започна – ви останаа уште неколку дена да ја украсите новогодишната елка. Ако сте во дилема дали да изберете природно или вештачко дрвце, наш предлог е природна елка – во саксија, за по новогодишните празници да остане како декор за вашиот двор или тераса.

За вашата елка да изгледа совршено, важно е да внимавате на редоследот на украсување. Најдобро е прво да ги поставите светлечките ламбички, потоа лампионите, па украсните траки и на крај поединечните украси и панделките. Украсувањето започнете го од внатрешноста па нанадвор, за елката да ви делува побогато и сразмерно.

Вештачките елки ги има во различни бои, бели, зелени, лилави, црвени па дури и црни. Традиционалистите сигурно ќе изберат зелена елка, но има и такви што сакаат да експериментираат, и со изборот на елка во боја да направат несекојдневна новогодишна декорација, која би била во склоп со боите на нивната дневна соба.

При украсувањето на елката треба да водите сметка да не претерате со изборот на различни бои на украсите, и нивната големина и форма. Предлагаме да се држите до правилото – најмногу три бои. Така елката ќе ви изгледа елегантно, а вие ќе добивате комплименти дека сте ја украсиле со стил.

Симболика на боите

 

 

Зелена – Таа е боја која што делува смирувачки и го ублажува стресот од новогодишната треска. Одлично се вклопува со црвената и златната боја кои се и доминантни новогодишни бои.

 

 

 

 

 

Бела – Елка со бела боја би била идеална доклоку за нејзино украсување не користите повеќе од две бои. Но, најдобро би изгледала со украси во една боја.

 

 

 

 

 

 

Црвена – Симболизира радост, среќа, уживање но и страст. Се верува дека штити од негативна енергија и без сомнеж може дасе каже дека тоа е бојата на Дедо Мраз. Комбинирајте ја со зелена и со златна боја.

 

 

 

 

 

Сина – Боја на духовност и нежност. Како и зелената, делува смирувачки и најдобро се комбинира со сребрената боја.

 

 

 

 

 

 

 

 

Виолетова – Симболизира верност, љубов и страдање. Бидејќи таа боја се поистоветува со високата класа, елката украсена во лилава боја може да изгледа гламурозно.