Овој период е сосема нормална желбата за повлекување дома. Сепак, последиците од ваквиот начин на живот врз физичкото и менталното здравје не се воопшто наивни. Откако светот го зафати пандемијата, животот на повеќето луѓе драстично се промени. Новото „нормално“ доведе до фактот дека сите оние на кои работата им дозволува да не одат во канцеларија или на работното место, работат од дома речиси една година. Поради тоа, но и поради стравот од инфекција, генерално, сите поминуваат многу време меѓу четири ѕида, што воопшто не е добро и може да остави последици врз психата. Психолозите објаснуваат што може да се случи ако со денови не гледате „ниту сонце ниту месечина“.
– Како прво, нормално е дека во моментов не сакаме да излегуваме. Во овој период од годината, ние обично речиси секогаш одиме во хибернација, па разумно е да се повлечеме во затворен простор. Значи, природно, излегувањето од дома не е првото нешто што сакате да го направите, но иако можеби ќе сакате да останете внатре до летото, полнењето на батериите на свеж воздух е сепак најдоброто нешто што можете да го направите за себе – велат психолозите.
Проблемите со менталното здравје претежно произлегуваат од неисполнување на нашите основни потреби на еден или друг начин. Ако престојуваме премногу долго дома, тоа значи дека немаме пристап до некои работи што ни се потребни, како свеж воздух, разговор со пријатели, физичка активност…
– Но користа од свежиот воздух не е само за вашиот ум. Вежбањето е клучно и за психичката и за физичката благосостојба, бидејќи ни помага да се ослободиме од насобраните тензии и нервози, а исто така ослободува ендорфин и нè прави поспособни да одговориме на инфекцијата – велат психолозите.
Дружењето со најблиските на прошетка на дистанца може да има мноштво придобивки за вашето здравје.
– За жал, опуштеното дружење со луѓе не е дозволено. Сепак, контактот лице в лице е навистина важен за благосостојбата на секоја личност. Ние сме социјални суштества и потребна ни е дружба. Разговорот со луѓето дава нова перспектива. Колку подолго време поминувате дома, толку повеќе сте насочени кон вашите мисли и грижи. Тоа е стапица во која паѓаат луѓето, бидејќи без поинаква перспектива можеме да се чувствуваме лошо – додаваат тие.