„Оскарите“ за најдобри филмови се доделуваат веќе девет децении, а во тоа време биле донесувани многу спорни одлуки, со кои не се согласувале баш сите филмофили. Многу од тие филмови и ден-денес се како прст во око на обожавателите што не се согласиле со донесената одлука и наградените филмови. Секако, не се правеле толку грешки колку што се донесувале вистински одлуки. Така што многу филмови што ги заслужиле најдобрите оцени всушност и ги добиле во изминативе 90 години. Академијата за филмски уметности и науки зема предвид и други аспекти во филмот освен кинематографскиот квалитет. Во прилог се најдобрите филмови што добиле „оскар“.
„Казабланка“ (1944)
Се чини дека овој филм, остар како одлично вино, и ден-денес е интересен за гледање, има многу обожаватели, исто како кога бил првпат објавен во 1944 година. Одличните улоги на Хемфри Богарт и Ингрид Бергман се прикажани низ низа споредни улоги, кои само дополнително придонесуваат за општиот впечаток и одлично спроведеното сценарио. Приказната за бегалците од Втората светска војна во насловот на африканскиот град е живописна во секој кадар.
„Апартман“ (1961)
Оваа трагикомична романса делумно е заснована на вистинита холивудска приказна. Во филмот еден очаен работник од една голема фирма му го позајмува својот стан на својот шеф за афера со една мажена жена. Во реалноста, еден продуцент пука во агентот со кој неговата жена го изневерува, што дополнително му додава мрачна нота на филмот. Гледано од филмска страна, овој филм нема грешки.
„Кум“ (1973)
Се чини дека Френсис Форд Копола во ништо не може да згреши, а тоа особено се однесува на првиот дел од трилогијата на овој култен филм. Има многу луѓе што овој филм го сметаат за најдобар на сите времиња, а тоа се забележува и по многубројните цитати, безвременските реплики што и денес луѓето ги користат во својот говор. Се верува дека не постои ниту еден лош кадар во филмот.
„Лет над кукавичиното гнездо“ (1976)
Адаптирањето на овој роман во филм уште на самиот почеток било тешко и проблематично, а Џек Николсон и режисерот Милош Форман дури прекинале да зборуваат меѓусебно во текот на снимањето на продукцијата. Но и покрај тоа, филмот успеале да го снимаат, да го доведат до самиот крај. И не само што успеале да го земат „оскарот“ за најдобар филм, туку ја освоиле и наградата за најдобар режисер, најдобро адаптирано сценарио, најдобра машка улога и најдобра женска улога.
„Месечина“ (2017)
Иако првично дојде до забуна при прогласувањето за најдобар филм во 2017 година, односно првично беше прогласен „Ла ла ленд“ затоа што пликовите биле заменети, и за кратко беше направена исправка на сцената и „оскарот“ сепак отиде во рацете на „Месечина“, овој филм заслужено ја доби титулата за најдобро остварување. Станува збор за еден поетски приказ за растењето, исполнет со боја и чувства. Интересно е што „Месечина“ е втор филм реализиран со најнизок буџет од сите добитници на „оскари“.