Некои материјали од домаќинството се дури и поефикасни во спречување на минувањето честички од стандардните Н95 и хируршките маски, вели последното истражување на универзитетот „Кембриџ“ и универзитетот „Нортвестерн“. Тие ја тестирале ефикасноста на различни ткаенини во филтрирањето честички со димензии 0,02 и 0,1 микрометар, кои имаат приближна големината како повеќето вируси, со брзина, споредлива со кашлање или отежнато дишење. Исто така ги тестирале и стандардните Н95 и хируршките маски, кои почесто се користат во здравствените установи.
Во тестирањето вклучиле сѐ, од маици и чорапи, кошули, чаршафи, фармерки, до вакуумски ќесиња за правосмукалки, за да утврдат кој тип маска е најефикасен во ловењето ултраситни честички што можат да содржат вируси како коронавирусот. Резултатите покажале дека повеќето ткаенини се ефикасни во филтрирањето на ултраситните честички.
Маските Н95 потврдуваат дека се многу ефикасни, но не и најдобри. ХЕПА-торбата што се користи во правосмукалките ги надмина перформансите на Н95. Што се однесува до домашните маски, оние направени од повеќе слоеви ткаенини беа поефикасни. Оние што содржат и поцврст слој ткаенина што обично се користи за јаките на кошулите, се покажале како значително подобри во заштитата. Но многу потешко е да се дише преку таква маска отколку преку „професионалната“ маска Н95.
Истражувачите, исто така, ги проучувале перформансите на различни ткаенини кога биле влажни и откако поминале низ нормален циклус на перење и сушење. Откриле дека ткаенините функционираат подобро додека биле влажни. Дека повторното перење ги менува и распаѓа ткаенините. Предупредуваат дека маските не треба да се користат на неодредено време.
– Маската што навистина добро ги блокира честичките, но го ограничува дишењето, не е ефикасна маска. Фармерките, на пример, беа доста ефикасна заштита и блокирање на честичките, но тешко е да се дише со нив, па веројатно не е добра идеја да се направи маска од стари фармерки – изјави авторката на истражувањето Евгенија О’Кели од Одделот за инженерство на универзитетот во Кембриџ.