Мост во северна Турција, стар 300 години, исчезна без трага, а сомнежите на локалните власти говорат дека е украден постепено и тивко, „камен по камен“, објави „Хуриет дејли њуз”.
Жители на селото Арсланџа во округот Ѓумушхане, забележале дека мостот, којшто тие и онака ретко го користат, го нема. Прво, тие мислеле дека тој бил уништен во неодамнешните поројни дождови, но чудно е тоа што од мостот нема останато ни камче.
Извештаите на властите говорат дека мостот сепак, е можно да е разурнат во поплавите што се случиле пред три месеци.