Во текот на човечката историја, жените користеле шминка за да ги истакнат убавите црти на лицето, но во различни цели. Ова особено се однесува на карминот за усните, чија историја се чини дека е многу долга. За добивање боја на усните се користеле од боровинки и други шумски зрнести плодови до денешните формули на престижните брендови.
Меѓу античките цивилизации, шминката била статусен симбол, а жените и мажите еднакво уживале во шминкањето. Покрај естетската, шминката имала и лековита привлечност. Бојата на усните се правела од овошје, кана, глинена ‘рѓа и, секако, од инсекти. Жените од Месопотамија биле за нијанса помодерни, затоа што користеле мелени скапоцени камења за да им дадат боја и сјај на усните.
Египќаните беа вистински љубители на кармини. Впечатливите нијанси, како виолетова и црна, биле вообичаени за нив. Боите биле добивани од многу интересни извори, како што е боја на кармин добиена од неколку вида инсекти. Луѓето од сумерската цивилизација се сметаат за најстари корисници на кармините.
Во Јапонија, жените користеле интензивна шминка и темни кармини направени од катран и восок од пчела. Додека само за време на постоењето на грчката империја, користењето кармини било поврзано со проституција, при што проститутките биле законски обврзани да користат темни кармини за да се разликуваат од другите жени. Во 9 век, арапскиот научник Абулкасис измислил кармин за усни во цврста форма.
Со доаѓањето на христијанството, црквата остро ја осудува употребата на кармини и секаков друг вид шминка. Црвените усни биле поврзани со обожавањето на сатаната, а жените што користеле такви кармини се сметале за вештерки. Во тоа време, жените тајно додавале малку боја на мелеми или користеле трикови во форма на штипкање на усните, гризење или триење со различни материјали за да бидат поцрвени. Во средниот век, жените што користеле црвен кармин се сметале за вештерки. Меѓутоа, за време на кралицата Елизабета во Англија во 16 век, карминот повторно се појавува, но овој пат е ограничен на дамите со благородничка крв, како и на глумиците на јавната сцена. Бледа кожа и црвен кармин биле многу популарни.
Француската компанија за парфеми наречена „Герлан“ прва произвела кармин за комерцијални цели во текот на 1884 година. Карминот бил направен од лој на елени, пчелин восок и рицинусово масло, а потоа бил завиткан во свилена хартија. До 1920 година, карминот доби трајна улога во животот на жените низ светот. Џејмс Брус Мејсон Јуниор го направи првиот калап во кој кармин можеше да се поместува механички нагоре и да се затвара по употребата, онаков каков што го знаеме денес.