Индиските власти поради проблемите кои со себе ги носи масовниот туризам на посетителите на Таџ Махал во иднина ќе им го ограничат престојот на три часа.
Оваа знаменитост дневно ја посетуваат околу 50 илјади туристи, односно околу седум милиони секоја година.
Странските туристи плаќаат по илјада рупии (12,5 евра), додека посетителите помлади од 15 години не плаќаат за влезница.
Во иднина доколку посетителите сакаат да се задржат повеќе од три часа, ќе мора да купат нова влезница со која ќе можат да останат уште три часа. Истото се однесува и за оние кои ќе го преминат дозволениот период и ќе платат казнен билет.
Доколку оваа мерка се покаже како успешна, тогаш властите нема да го спроведат планираното ограничување и на бројот на посетители на дневно ниво.
Таџ Махал од 1983 година се наоѓа на листата на УНЕСКО за Светско наследство.