Основачот на „Спејс екс“ и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, продаде една од палатите во Лос Анџелес за 29 милиони долари, правејќи го првиот чекор во неговата бизарна мисија „да се ослободи од земните поседувања и да остане без дом“, пренесува „Њујорк пост“.
Маск објави оглас во кој бараше 30 милиони долари за палатата минатиот месец, откако вети дека „нема веќе да поседува дом“. Палатата со големина од 16.000 метри квадратни содржи пет спални соби, 11 бањи, тениско игралиште и двокатна библиотека. Купувачот е кинески милијардер по име Вилијам Динг.
– Не ми се потребни парите. Тие, едноставно, само претставуваат товар – напиша Маск на Твитер.
Маск вети дека ќе се ослободи од неговите палати и земните поседувања со цел „целосно да го посвети неговиот живот на Земјата и Марс“.
Палатата која се наоѓа во познатата населба „Бел-Ер“ во Калифорнија, е веднаш спроти друг имот што Маск се обидува да го продаде. Порано имотот припаѓал на актерот Џин Вајлдер, а Маск сака да го продаде за 9,5 милиони долари, но под услов целиот имот да остане како што е.
Во неговата мисија да се ослободи од земните поседи, Маск ги понуди за продажба и останатите имоти во Калифорнија, кои се со вкупна вредност од 100 милиони долари.