„Флора вс фауна“ е изложба на современ накит на Јана Ацевска, Биби Клекачкоска, Глигор Кузмановски, Jоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија, чие отворање е закажано за 26 септември во 20 часот во Природонаучниот музеј.
– Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно нѐ воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна растенија и животни што се избориле да опстанат овде со нас… Инспирација што нѐ понесе нас петмина и нѐ донесе до овој момент што сакаме да го споделиме со вас – велат креаторите на накитот.