Со помош на фотографиите снимени од роверот „Опортјунити“ на НАСА, научниците го репродуцираа изгрејсонцето на Марс во звук, користејќи се со техника наречена „сонификација на слики“. На овој начин се проучуваат површините на планетите, нивната атмосфера, климатските промени и вулканските ерупции.
Користејќи се со информациите за светлината, бојата и надморската височина на Марс, научниците добија снимка од мелодија.
Најдобро се слуша со слушалки и затворени очи.