Луѓето обично прават работи во кои наоѓаат уживање. Исто така тие прават сè што е потребно за да избегнат болка. За повеќето луѓе повредувањето прави да ја почувствуваат туѓата болка и обично не им се допаѓа тоа чувство. Нанесувањето болка некому што не е во состојба да возврати изгледа неверојатно сурово, но се случува многу често, пишува Би-би-си.
Зошто луѓето се груби со некои што не им претставуваат закана, па понекогаш и кон сопствените деца?
Умееме да разбереме доколку некој направи нешто во знак на одмазда или самоодбрана. Меѓутоа не разбираме кога тоа го прави без причина.
Психолозите сметаат дека постојат две причини поради кои луѓето би повредувале други луѓе без причина – или не ја чувствуваат нивната болка или уживаат во неа.
Уште една причина за нанесување болка на безопасните е тоа што сепак во нив се гледа како некаков вид закана.
Садисти и психопати
Некој што ужива во повредувањето и понижувањето на другите луѓе е садист. Садистите ја чувствуваат туѓата болка повеќе од останатите. И уживаат во тоа.
Популарно е мислењето дека садизмот најчесто е поврзан со мачење и убиства. Меѓутоа постојат помалку екстремни, ама раширени форми на садизам.
Секојдневните садисти уживаат во повредувањето на другите луѓе или сакаат да го гледаат нивното страдање. Во едно истражување шест осто од студентите признале дека уживаат кога повредуваат други луѓе.
Секојдневен садист може да биде некој што се иживува преку интернет или, на пример, во училиште. При играње на друштевени игри на мрежите, тој веројатно ќе биде оној што на другите им ја расипува играта.
За разлика од садистите, психопатите не им штетат само на безопасните. Тие сакаат работи. Ако нанесувањето некому штета им помогне да го добијат тоа што го сакаат, тие ќе го направат тоа без проблем. Тие нема да почувствуваат жал, каење или страв. Тие можат да сфатат што чувствуват другите, меѓутоа не се „заразуваат“ со нивното чувство.
Луѓето мораат да знаат кога ќе налетаат на психопат. Тој лесно може да се открие само ако се набљудува неговото лице или начинот на држење на телото. Проблемот е што психопатите знаат дека можат да бидат откриени, па многу внимаваат. Тие многу често се облекуваат беспрекорно, само за да остават добар прв впечаток. За среќа, повеќето луѓе немаат психопатски особини. Само осум отсто од затворениците од машки род и два отсто од жените-затворенички се психопати. Меѓутоа, не се сите психопати опасни. Асоцијалните психопати можат да бараат возбуда во дрога или опасни активности. Просоцијалните прихопати, својата возбуда ја бараат во новите идеи.
Од каде потекнуваат овие особини
Никој не знае зошто луѓето се садисти. Една теорија е дека садизмот ни помогнал во колењето животни при лов, а другото е дека преку садизмот се стекнува моќ.
Италијанскиот филозоф Николо Макијавели смета дека садизмот е тактика за преживување кога времињата ќе станат тешки. Така, на пример, доколку снема еден вид храна, нивото на нашиот невротансмитер, серотинот, паѓа. Овој пад нè прави спремни да наштетиме на другите.
Психопатите, исто така, можат да бидат прилагодливи. Некои студии го поврзуваат психопатот со зголемено либидо и потребата за плодност. Во современото општество ова е сменето, па психопатите се мајстори за манипулација, а нивната импулсивност и недостатокот од страв им помагаат во ризиците.
Врската меѓу психопатите и креативноста е тесна, вака смета математичарот Ерик Вајнстајн, кој тврди дека незадоволните луѓе често се креатори на разни иновации.
Садизмот и психопатијата се поврзани и со други особини, како нарцизмот и макијавелимост. Овие особини се нарекуваат „мрачен фактор на личноста“ или скратено Д-фактор. Така, родителите со висок Д-фактор можат да ги пренесат овие особини на своите деца.
Страв и дехуманизација
Доколку некој ја „прекрши“ социјалната норма, нашиот мозок кон нив се однесува како кон пониски битија. Тоа ни олеснува при казнувањето на луѓето што ги кршат нормите.
Опасна заблуда е ако мислиме дека ако некого го гледаме како човечко битие нема да го повредиме. Психологот Пол Блум тврди дека нашето најлошо однесување може да се потпира на фактот дека не ги дехуманизираме луѓето. Луѓето ги повредуваат другите луѓе затоа што ги гледаат како луѓе што не сакаат да трпат болка, понижување или деградација.