Италијанската кујна е препознатлива по тестенините, а врвните готвачи од оваа земја откриваат неколку правила како на вистински начин се варат тестенините
Никогаш не ставајте масло во водата
Маслото се одделува и плива на водата, и на тој начин не спречува тие да не се лепат. Исто така, откако сварените тестенини ќе ги исцедите, маслото се лепи на нив, а тоа спречува сосот да се задржи на нив, што се разбира не го посакувате. Ако сакате да бидете сигурни дека шпагетите или макароните нема да се лепат, варете ги во поголемо количество вода. На тој начин скробот ќе се раствори во
водата и нема да биде како лепило. Правило е во тенџерето да се стави литар вода на секои 100 грама тестенина.
Чекајте водата да зоврие
Доколку сакате тестенините да ви бидат ал денте, тогаш е важно водата да зоврие и да ги варите што пократко во неа. Важно е да се каже дека зовриената вода го желатинизира скробот што се наоѓа во тестенините и на тој начин ги прави полесно сварливи при јадењето.
Сол додајте дури откако ќе зоврие водата
Доколку ставите сол во студена вода, ќе го одложите времето таа да проврие. Од друга страна, кога сол ќе се стави во зовриена вода, таа ќе ја зголеми температурата.
Не намалувајте ја температурата
Оставете ја температурата на точка на вриење, бидејќи тестенините така побрзо ќе се сварат, а тоа е единствениот начин да добиете шпагети ал денте. Доколку ја намалите температурата на варењето, на крајот ќе добиете кашести тестенини.
Никогаш не кршете ги шпагетите
Шпагетите и другите тестенини не се толку долги без причина. Така е за да се обмотаат околу виљушката, да опфатат сос колку што треба, а со самото тоа да создадат совршен залак. Доколку тестенините ги кршите, тогаш правите грешка, бидејќи така нема да можете да ги јадете со виљушка, ниту да ги јадете како макарони.
Тестирајте дали тестенините се добро сварени
Тестенините треба да бидат доволно меки и кога ќе се загризат да не се чувствува крцкање, а истовремено да бидат доволно жилави и да не се распаѓаат. Ако сакате да ги сварите ал денте, погледнете го пресекот кога ќе каснете парче. Соодветно на тоа, во средината би требало да се види тенок дел со посветла боја, а кај шпагетите тоа е точка.
Не мијте ги тестенините по варењето
Важно е на крајот на варењето, по цедењето, тестенините да не се мијат со вода, бидејќи тоа е една од големите грешки. На тој начин од нивната површина го отстранувате скробот, кој помага тие убаво да се спојат со сосот.
Сосот нека биде веќе приготвен
Ставете ги тестенините во сварениот сос, вклучете го шпоретот и варете уште неколку минути. Ако сосот е премногу густ, додајте малку од водата во која се вареле тестенините, таа содржи многу скроб, го збогатува вкусот и помага подобро да се залепи за тестенините.
Готовите тестенини се служат веднаш
Најдобро е тестенините да се послужат жешки и свежо сварени. Вкусот на јадењето може да се подобри со додавање изрендан пармезан или „пекорино романа“, како и со додавање исечкан босилек и магдонос. Тестенините традиционално се јаде како самостоен оброк, а не како прилог за месо или риба. На тој начин во целост ќе уживате во нивната хармонија на вкусови. Местото и рибата се послужуваат со зеленчук како прилог.
Од остатоците направете ново јадење
Во никој случај не подгревајте ги тестенините. Тоа не го правете ниту во микробранова печка, ниту во тава, бидејќи вкусот ќе биде полош. Наместо тоа, од остатоците направете ново јадење. Во Италија остатоците од тестенините се печат со други состојки, како суво месо, моцарела, варени јајца и зеленчук, за да се приготви она што се вика патицио (а тоа буквално значи „неред“). Исто така, остатоците се мешаат со јајца и се претвораат во еден вид тортилја, наречена фритата ди макарони.