Освен Арктички или Северен Леден Океан, Атлантски, Тихи и Индиски, сега е признаен и Јужен Океан.
Јужен Океан е долго време признаен меѓу научниците, но поради тоа што немаше меѓународен договор, никогаш не беше службено признаен.
Научното здружение „Нешнал џиографик сосајати“ службено го призна Јужен Океан на 8 јуни, на Светскиот ден на океаните.
Станува збор за океан што се наоѓа во целосно опкружување на Антарктикот и кој некогаш беше дел од Тихи Океан.
Денеска е втор најмал океан во светот. Помал е само Северен Леден Океан. Тоа е единствено место каде што може да се види царскиот пингвин и други организми што не живеат никаде на друго место.
Од преостанатите океани одвоен е со струи, не со континенти.
Водите јужно од неговата граница се постудени и еколошки поразлични, а водата е помалку солена, велат научниците.
Здружението се надева дека ќе го промовира зачувувањето на диверзитетот во Јужен Океан со привлекување на вниманието на јавноста. Со децении експертите се загрижени за влијанието на масовниот риболов врз одредени видови риби во океанот.