Есенска храна за јакнење на имунитетот
Есенската храна е богата со антиоксиданси, кои се многу корисни во борбата против разни болести, бидејќи ја спречуваат оксидацијата на клетките. Доколку сакате да го зајакнете имунитетот, вклучете ја во вашата исхрана.
Костените се препорачуваат за оние што страдаат од бубрежни заболувања, богати се со калиум и фосфор, а содржат и бакар, кој ги зајакнува коските и имунитетот. Костенот го забрзува производството на црвени крвни зрнца, доста се калорични, па затоа ќе ве одржат сити. Омиленото есенско овошје што содржи големо количество витамин Б и ни помага полесно да се справиме со стресот е крушата. Таа е многу корисна во исхраната на дијабетичарите.
Портокаловата кралица на есента, тиквата, е богата со здрави масни киселини, а омега-3 киселините се важни за здравјето на срцето и крвните садови. Има многу влакна што го чистат дигестивниот тракт, а каротеноидите во него го намалуваат ризикот од рак и ја штитат кожата од УВ-зраци. Семките од тиква содржат вистинска ризница од влакна, фосфор, манган и железо.
Цвеклото е познато како најдобар лек против анемија, го штити црниот дроб и го намалува крвниот притисок. Само 45 грама брокула на телото му дава 70 проценти од дневната препорачана доза витамин Ц, а покрај тоа, содржи антиоксиданси што дејствуваат против разни видови рак.