Пет причини зошто се добри костените
На мирисот на костенот на градските улици навистина е тешко да му се одолее периодов. Овој плод има и богата нутритивна и енергетска вредност, па поради тоа им се препорачува на децата, спортистите, бремените жени и на постарите лица.
Има смирувачко дејство – Костенот е богат со минерали, со витамини од групата Б, како и со Ц и А-витамин. Содржи и калиум, фосфор, калциум, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, железо и манган.
Низок процент на масти – Во споредба со други костенливи плодови, костенот има понизок процент на масти, а повисок на скроб, дури двојно повеќе од компирот. Како и оревите и бадемите не содржи глутен.
Совршен е за бремените жени – Костените изобилуваат со фолна киселина, која е неопходна за растот на клетките, за синтеза на ДНК и нормална работа на нервниот систем.
Го чува срцето – Бидејќи е богат со мононезаситени масти го чисти кардиоваскуларниот систем и помага во намалување на нивото на холестеролот.
Ја исфрла водата од организмот – Костенот помага кај бубрежните и стомачните тегоби, а може да се користи и за исфрлање на вишокот вода од организмот.