Леблебијата е одличен извор на растителни влакна и протеини. Многу научни истражувања покажуваат дека леблебијата помага во намалување на телесната тежина, намалување на ризик-факторите за срцеви болести, па дури и канцер, специјално кога таа се консумира како замена за месо. Леблебијата го намалува шеќерот во крвта. Во една студија направена на 19 жени, се покажало дека оние што јаделе оброк што содржел 50 грама леблебија, имале значително помалку шеќер во крвта, за разлика од оние што јаделе бел леб.
Друга студија направена на 45 лица, покажала дека јадењето 728 грама од оваа мешунка неделно, во период од 12 недели, го намалува нивото на инсулин во крвта. Таа може да ја подобри и состојбата со холестеролот во крвта. Голем број студии покажале дека леблебијата го намалува лошиот холестерол, кој е главен причинител за срцеви заболувања. Оваа мешунка го подобрува и работењето на цревата.