Секој член на кралското семејство има свој омилен пијалак што го пие за време на празниците, но сите сакаат алкохол.
Принцот Чарлс (71) претпочита вишновка, но нема да одбие ни мартини направено од џин и пелинковец. Неговите синови, принцот Вилијам (37) и Хари (35), уживаат да пијат пиво и јаболковача.
Сопругот на кралицата Елизабета Втора (93), принцот Филип (98), е страстен љубител на пиво, па дури има и едно омилено – „бодингтонс“.
Сопругата на Чарлс, Камила (72), за време на божиќната прослава пие џин-тоник, а војвотката Кејт Мидлтон (37) ужива во црвено вино како вистинска дама. Но покрај познатото „мерло“, таа сака да пие и виски „џек даниелс“.
Кралицата Елизабета Втора пие исклучиво коктел наречен „заза“. Тој е мешавина од слатко француско црвено вино и џин.
Меѓу правилата на ова семејство е задолжителното играње асоцијации до полноќ. Никој не смее да се предаде и да отиде на спиење додека кралицата Елизабета Втора не каже дека е доста. Без оглед колку е уморен некој од нив, тие мора да издржат додека кралицата не ги прати на спиење.