Озерск, со кодно име Град 40, е забранет град во кој била развиена советската програма за нуклеарно оружје. Денес е едно од најзагадените места на планетата. Сместен е во длабоките шуми на Урал. Обиколен е со боцкава жица, електрична ограда и заштитни порти. Во 1946 година, советските власти почнале со изградбата на мистериозниот град, во најголема тајност околу нуклеарната централа „Мајак“, на бреговите на езерото Иртиаш. Биле сместени илјадници научници и работници, од целиот Советски Сојуз, кои работеле на нуклеарната програма и создавањето на советската атомска бомба. Во првите осум години, на жителите им било забрането да го напуштаат градот, да пишуваат писма и да остваруваат контакт со надворешниот свет, вклучувајќи ги и членовите на семејствата. Озерск е меѓу првите градови во светот во кој бил произведен плутониум за потребите за изработка на атомска бомба. Во 1957 година во градот се случила радиоактивна контаминација што опфатила 52.000 квадратни километри. Споменатата катастрофа цели три децении била доверлива советска државна тајна. Во 2001 година, руските власти го менуваат кодното име на градот и оттогаш официјално се нарекува Озерск.
Галус бил римски гладијатор, чија борба Старите Римјани ја нарекувале галски стил. Овој гладијатор спаѓал во тешка категорија, а подоцна бил заменет со Мурмило, по претварањето на Галија во римска провинција. Бил вооружен со гладиус (меч), а понекогаш и со копје. Се заштитувал со голем полуцилиндричен штит.
Кромидов ќебап (Soğan kebabı) е турски специјалитет, кој потекнува од градот Газијантеп, јужна Турција. Ќебапот е направени од мелено јагнешко месо, вметнато во исечен кромид, со пиперки и сос од калинка. Во Турција е зимски рецепт, бидејќи се смета дека кромидот е заштита од болести.
Erythrophysa transvaalensis е вид растение во семејството на сапуновидните цветни растенија. Тоа е заштитено дрво во Јужна Африка. Може да се сретне во Зимбабве, Боцвана и Јужна Африка. Се верува дека како вид се раширува преку античките трговски патишта.
Серен Кјеркегор е истакнат дански филозоф и писател, познат како првиот филозоф на егзистенцијализмот. Со своите дела влијаел врз Албер Ками, Жан Пол Сартр, Рајнер Рилке и др. Во протестантската религија се смета за еден од највлијателните филозофи на религијата, а Данска го слави како свој најголем филозоф. Негови познати дела се „Или-или“, „Дневникот на заводникот“, „Повторување“, „Страв и трепет“, „Филозофски трошки“ и др. Многу од своите дела потпишувал со псевдоними, особено во првиот период и првите дела од вториот период на неговото творештво. Користел повеќе псевдоними – Виктор Еремит, Константин Константиус, Јохане де Силентио, Јоханес Климакус, Антиклимакус, Николаус Нотабене и др. Кјеркегор ги поставува прашањата: што значи да живееш естетски, а што значи да живееш етички, што е естетското во човекот, а што е етичкото. За Кјеркегор човекот е „синтеза на бесконечност и конечност, минливо и вечно, слобода и потреба“.
Euspira montagui е вид морски полжав грабливец, од семејството Naticidae т.н. месечеви полжави. Живее во североисточниот дел на Атлански Океан, Средоземно Море и европските води.
Раселовите Водопади се наоѓаат во Тасманија, Австралија. Најпрво биле именувани како Браунинговите Водопади според првиот откривач, околу 1854 години. Но по 1884 година стануваат познати според денешното име, кога веќе се позната туристичка дестинација.