Астрономскиот часовник од Прага – најстариот часовник што сѐ уште работи
Часовникот првпат се споменува во 1410 година и е лоциран во Прага, главниот град на Чешка. Овој часовник е третиот најстар астрономски часовник во светот и најстариот часовник што сѐ уште работи. Механичкиот часовник и астрономскиот бирач биле изработени од Јан Шиндел, професор по математика и астрономија, како и од часовничарот Микулаш од Кадан. Се претпоставува дека во 1490 година биле додадени календарот и фасадата на часовникот, која е украсена во готски стил.
На 7 и 8 мај 1945 година часовникот беше оштетен во текот на Прашкото востание од страна на неколку оклопни возила на германската армија, која се обидувала да го задуши востанието. Во текот на борбите изгореле салата и блиските згради, заедно со дрвените скулптури на часовникот и календарот. Со значителни напори механизмот бил поправен, а дрвените скулптури биле обновени. Часовникот почна да работи повторно во 1948 година.
Хиперион – највисокото дрво во светот
Хиперион е највисокото дрво во светот, со висина од 115,85 метри. Ова дрво беше откриено на 25 август 2006 година од страна на Крис Аткинс и Мајкл Тејлор, а неговата висина беше потврдена од страна на Стивен Силет. Хиперион се наоѓа во националниот парк „Редвуд“, а во овој парк се лоцирани и второто и третото највисоко дрво во светот. Стивен Силет верува дека хиперион е старо околу 600 години, но според други истражувачи дрвото е старо околу 800 години. Точната локација на хиперион се чува во тајност, за да се заштити од оштетувања.
Борење – најстариот спорт во светот
Истражувачите веруваат дека борењето е најстариот спорт во светот. Во Франција се откриени пештерски слики што датираат околу 15.000 години пред нашата ера, а на нив се прикажани борачи. Но не само во Франција, слики со илустрирани борачи се пронајдени во пештерите низ целиот свет – 7.000 години пред нашата ера во Монголија, 6.000 пред нашата ера во Либија, праисториските пештери во Јапонија итн. Исто така е пронајден папирус со инструкции за борење што датира околу 200 години пред нашата ера. Денес борењето и понатаму е еден од најпопуларните спортови во светот.
Во 2005 година часовникот беше реставриран, кога беа обновени статуите и долниот дел од календарските прстени. Во 2018 година електричниот механизам, кој бил во функција од 1948 година, бил заменет со оригиналниот механизам од 1860 година.
Ал Азизија – најжешкото место во светот
На 13 септември 1922 година термометарот на метеоролошката станица во либискиот град Ал Азизија измерил неверојатни 58 Целзиусови степени. Оваа температура го соборила претходниот рекорд измерен од метеоролошката станица во Долината на Смртта, Калифорнија, на 10 јули 1913 година.
Пиргиските таблици – редок примерок на етрурскиот јазик
Во 1961 година во модерниот италијански град Санта Севера беше откриен артефакт од петиот век пред нашата ера, кој се состои од три златни табли. Археолозите ги открија во текот на истражувањето на античкиот етрурски град Пирги. На златните табли има текст од управникот Тефариј што ѝ е посветен на божицата Уна. Две од таблите содржат натпис на етрурски јазик, а третата на феникиски јазик. Артефактот се чува во Музејот за етрурска уметност во Рим.