Заврши ерата на Инстаграм за Сасексите. Вчера принцот Хари и Меган Маркл ја имаа последната објава на Инстаграм на нивниот профил „Сасекс Ројал“, со што направија симболична транзиција откако се сместија во нивниот нов дом во Лос Анџелес, пишува „Мари Клер“.
– Бидејќи сите ја наоѓаме улогата што треба да ја играме во ова глобално поместување и промена на навиките, ние се фокусираме во ова ново поглавје во наоѓањето начин како можеме најдобро да придонесеме – напиша двојката.
Според кралскиот репортер Омид Скоби, ова е последен пат Хари и Меган ќе објават содржина на профилот „Сасекс Ројал“, што исто така го означува крајот на нивната интернет-страница „Сасекс Ројал“. Од утре, тие ќе почнат ново поглавје, далеку од нивните кралски должности.