И кучињата имаат своја „градинка“
Градинката за кучиња „Папи спринг“ во Гуеонг во Јужна Кореја редовно објавува слики од своите членови кученца како спијат.
Градинката се грижи за кучиња постари од 12 недели, веднаш откако нивните сопственици не можат да им го дадат потребното внимание. Многу луѓе работат со полно работно време и тешко им е да се грижат за своите миленици, па затоа ваквите објекти се сѐ попопуларни во оваа азиска земја.
– Имаме над 30 резервации секој ден. Исто така работиме и како центар за игра во кој децата може да дојдат и да се опуштат – вели портпаролот на „Папи спринг“.
Градинката нуди многу игри и вежби за милениците да ги подобрат послушноста и друштвеноста. Исто така имаат и време за спиење.
– Кученцата имаат дремка од 14 до 15.30. Цената на нашите услуги варира, а зависи и од времето што кучето го поминува во објектот – додава портпаролот.