Домашни растенија опасни за кучињата и мачките
Домашните миленици, особено кучињата и мачките, можат да бидат исклучително чувствителни на некои домашни растенија, бидејќи тие можат да им предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Филадендрон – Големите лисја на филадендронот не се јадат и гризењето кај миленичињата може да предизвика иритација на усната шуплина и јазикот, но и проблеми со голтањето, прекумерна плунка и повраќање.
Алое вера – Иако ова растение со густи месести лисја и медицински сок има чудесна моќ кога станува збор за здравјето и негата на човечката кожа, тоа може да создаде многу проблеми за домашните миленици – од повраќање и дијареја до депресија кај мачките и кучињата.
Златен ползавец – Ова привлечно растение е опасно по животот на мачките и кучињата, бидејќи содржи кристали во форма на иглички со кои се брани од предатори во природата. Варењето на овие кристали може да предизвика иритација на устата и јазикот, проблеми со голтањето плунка и повраќање.
Дифенбахија – Симптомите вклучуваат чувство на интензивно горење и иритација во устата, како и проблеми со повраќање и голтање. Дефинитивно треба да го чувате подалеку од миленичиња, но и вие треба да ги миете рацете откако ќе го допрете.