Најдобрите миленици за вашето дете
Чувањето домашно милениче може да биде корисно искуство за децата. Тие се идеална можност за да научат важни животни лекции додека се грижат за живо суштество. Рибите можат да бидат совршено милениче за вашето дете. Купете риба во специјализирана продавница за да можат вработените да ви објаснат во каков аквариум треба да ја чувате рибата, на која температура и колку често треба да ја храните.
Руските желки тревојади можат да живеат повеќе од 50 години. Но треба да се има предвид дека Американската академија за педијатрија предупредува дека желките лесно можат да пренесат салмонела. Глодачите како ’рчкото и морското прасе се лесни за чување. Повеќето можат да живеат во релативно мал простор, а негата за нив е мошне едноставна.
Мачките се омилени миленичиња, кој може да одолее на сите нивни лудории. Ним им треба помалку грижа и внимание од кучињата. Мачките исто така бараат редовни ветеринарни прегледи и имунизација. Кучињата се веројатно најкласичниот избор за миленичиња. Но некои кучиња може да бидат несоодветни за деца. Пред да го донесете вашето куче дома, проверете дали тоа е добро социјализирано.