Кучињата не гледаат зелена и сина боја
Некогаш се мислеше дека кучињата гледаат црно-бело, но тоа не е точно. Врз основа на голем број испитувања, се воспостави дека кучињата гледаат бои, но многу помалку од луѓето.
Очите на кучето содржат два вида фоторецептори – стапчиња и конуси. За гледање и распознавање на боите се одговорни конусите, додека стапчињата му помагаат на видот при слаба светлина. За разлика од луѓето, кои имаат три конуси за да можат да ги видат црвената, зелената и сината боја, кучињата имаат само два, за кои се претпоставува дека се за зелена и сина боја.
Тоа значи дека тие некои бои јасно ги гледаат, а другите им изгледаат сосема различно од она како ги гледаат луѓето. Се претпоставува и дека кучињата можат да видат повеќе нијанси на сивата боја од луѓето, а освен тоа ноќе гледаат многу подобро од човекот.
Мачките исто така имаат два конуса, веројатно за зелена и сина боја, ноќе имаат извонреден вид, а имаат и пошироко видно поле од луѓето, но се кратковиди.
Птиците имаат подобар вид од луѓето. Освен три фоторецептори за црвена, зелена и сина, имаат и четврти, кој им овозможува да го видат и ултравиолетовиот спектар. Тие во очите имаат посебен протеин, со кој можат да ги забележат и магнетните зраци на Земјата, што им помага при преселбите.