Си-ен-ен повлекува три епизоди од шоуто на готвачот Ентони Бурдејн со неговата девојка, глумицата Ејжа Арџенто и поради обвиненијата кон неа за сексуален напад врз малолетно момче во 2013 година.
Телевизиската куќа објави во официјално соопштение дека ги повлекува трите епизоди, поради обвинувањата од актерот Џими Бенет кој пред пет години имал 17 години и бил 21 година помлад од неговата колешка.
Арџенто ги негира овие наводи, но вели дека пред Бурдејн да се самоубие, тие тројцата се договориле да го решат спорот приватно и да му платат 380.000 долари на Бенет за да молчи.
– Бенет го знаеше моето момче Ентони Бурдејн и знаеше за неговиот углед на личност која публиката ја сака. Ентони настојуваше проблемот да се реши приватно, а Бенет се согласи. Ентони не сакаше никаков негативен публицитет, што еден така опасен човек може да ни донесе – изјави Арџенто.
Таа и самата беше актуелна со кампањата #MeToo околу нејзините тврдења дека Харви Вајнстин сексуално ја нападнал на Канскиот филмски фестивал во 1997 година.
Си-ен-ен повлече и епизода од шоуто „Parts Unknown“, каде што водителот Бурдејн, кој пред извесно време и се самоуби, говори за својата борба со депресијата.