Елен Деџенерис водителката на популарното ток-шоу „Елен“, откри дека има позитивен тест за ковид-19, но се чувствува добро. Шеесет и двегодишната Деџенерис на Твитер напиша дека биле известени сите нејзини блиски контакти, ,пренесуваат светските медиуми.
– Сакам да ве известам сите дека имав позитивен тест за ковид-19. За среќа, сега се чувствувам добро – стои во објавата на Твитер.
Нејзиното шоу ќе паузира до јануари, се вели во соопштението на нејзините продуценти. Шоуто се врати на малите екрани во септември, во неговата 18-та сезона. Летоска славната водителка беше обвинета од поранешени и сегашни вработени дека неправедно им доделила откази и им ги намалила платите како и за работната атмосфера во нејзиното шоу која наводно била токсична. Поради обвинувањата за несоодведно однесување од страна на дел од нејзиниот персонал тројца врвни продуценти беа отпуштени.
Елен Деџенерис ги негираше обвиненијата, додека нејзината сопруга Порша де Роси застана во нејзина одбрана.