Три силни експлозии одекнале за време на снимањето на последниот филм за Џејмс Бонд, при што е повреден еден член на екипата и е оштетен инвентарот.
Инцидентот се случи во студиото Пајнвуд во Бакингемшир, поради што снимањето е целосно прекинато, пишува британски „Сан“.
На официјалниот Џејмс Бонд профил на Твитер беше објавено дека не е повреден никој кој бил во студиото за време на снимањето, но еден од членовите на екипата кој бил надвор од студиото претрпел полесна повреда.