Глумците од хит-серијата „Беверли Хилс“ имале свој приватен повторен собир во чест и сеќавање на својот колега Лук Пери (Дилан), кој почина на 4 март.
Седенката се случила во домот на Габриел Картерис, која ја глумеше Андреја во тинејџерската ТВ-серија што ги обележи 1990-тите години, а тоа го соопшти Брајан Остин Грин (Дејвид) во својата интернет-емисија.
– Се видов со луѓето што ги немав видено 18 години. Чувствата беа измешани. Сите беа пресреќни што повторно сме заедно, но поводот беше ужасен – рече Грин.
3а Пери, тој вели дека бил „многу голем фраер“.
– Лук беше човек за кого никој немаше лош збор. Едноставно, тој беше супертип. И секогаш беше свој, истиот Лук, без разлика каде ќе го видите. Многу сум среќен што го познавав. Беше одличен човек и ќе ми недостига – се потсети Грин на својот пријател.