Италијанските судии мака мачат како да осудат сериски арамија бидејќи никако не успеваат да утврдат кој ги извршил кражбите за кои се товари, тој или неговиот еднојајчен близнак.
Судот во Верона пред неколку дена го ослободи Едвардо Труши(34) од обвинението за тешка кражба бидејќи ниту со ДНК анализа не можело да се утврди дали на местото на злосторството бил тој или неговиот брат близнак Едмонд.
Неговиот адвокат Фабио Порта вели дека тоа не е првпат. Судот неговиот клиент го ослободил и во 2016 и 2017 година „бидејќи не можел со сигурност да го идентификува ниту со ДНК метод“.
Браќата Труши, етнички Албанци, се еднојајчени близнаци кои исто се облекуваат и имаат исти тетоважи, а носат толку сличен генетски профил што е можно да се идентификуват само преку отпечатоци на прстите. Но тие, се разбира, ‘на работа’ носат ракавици.
Обајцата имаат подебело полициско досие и се поврзуваат со стотици кражби во куќи ширум северна Италија. Но, засега не успеваат ништо да им докажат.