Традиционално, во пресрет на евровизискиот натпревар, утревечер во „Нано Бар“ во скопско Дебар Маало, со почеток од 21.30 ќе се одржи Евровизиска забава, овојпат во чест на Тамара Тодевска.

На забавата, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните од македонските претставници. Преку видео, до евровизиските фанови ќе се обрати и Тамара од Тел Авив. За музичкиот избор е задолжена Диџеј Тина.