Ѕвездата на телевизиската серија „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија, ја покажа нејзината седа коса пред бројните обожаватели, во видео објавено на Инстаграм, пренесува „Дејли мејл“.
Четириесет и петгодишната актерка отворено им ја показа поседената коса на нејзините безмалку осум милиони следбеници, пред да нанесе спреј за да ги прикрие седите влакна.
– Здраво момци! Погледнете го сето ова сивило. Ова е лудо! Ако ме следите, знаете дека почнувам да оседувам – рече Лонгорија од нејзиниот дом, каде што е во изолација заедно со семејството.