Преуредете го вашиот дом во боемски шик-стил
Бохо или боемски шик-стил претставува уметнички стил, кој асоцира на лежерност и опуштеност. Тој е спој од многу стилови и различни предмети. Се карактеризира со мешање некомпатибилни бои, форми, стилови, видови ткаенини и текстури. Затоа е многу важно да се постигне вистинскиот баланс, за да не се претера.
Елегантните плочки што се имитација на дрво може да создадат боемско чувство, а употребата на топли земјени бои може да внесе живот и боја во просторот. И покрај тоа што стилот бохо-шик има опуштена вибрација, тоа не значи дека може да имате неуреден и пренатрупан ентериер.
Станува збор за додавање еклектични елементи. Купете рачно изработени подни или ѕидни плочки, парчиња мебел или килими.
Користејќи мешавина од стари и нови парчиња мебел, може да изградите боемски стил, без разлика дали предметите ги купувате во вашата локална продавница или на патувањата низ светот.
Најдобро е sидовите и крупниот мебел да ви бидат во неутрални бои, а потоа да додадете неколку специфични парчиња, како шарени перници, навлаки и килими. Купете и мирисливи свеќи или стапчиња за вашиот дом секогаш да мириса убаво.