Трик за поставување светилки на елка
Со божиќните и новогодишните празници пред нас, повеќемина од оние што ги слават почнаа да ги украсуваат своите домови со неизбежното поставување на елката. Тамара Ведерби на Тикток покажа како да украсите празнично дрво со светилки без многу труд и за кратко време.
Иако празничната атмосфера што ја носи украсената елка во домот е значајно задоволство, претходното расплеткување на светилките и часовите потребни за комплетирање на украсувањето може да бидат особено фрустрирачки. За среќа, за сите оние што очајно гледаат во кутијата со светилки, една мајка на Тикток откри едноставен трик за да се заштеди време.
Тамара Ведерби, која во видеото тврди дека е „само мајка што се обидува да преживее“, редовно открива совети и трикови за родителите на платформата. Наместо постојано да го обиколувате дрвото додека вие или вашите деца не почувствувате вртоглавица, Тамара нагласува дека е важно да се почне од дното. Потоа продолжувате да ги закачувате светилките лево и десно, но само на едната страна од дрвото, додека не стигнете до врвот.
Потоа земете го вашиот следен комплет светилки и направете го истото тоа од другата страна, почнувајќи од врвот – објасни таа.
Ова не само што ќе заштеди многу време, туку и ќе го олесни нивното вадење кога ќе завршат празниците.