Уредување на домот во стилот јапанди
Сите љубители на минимализмот ќе го обожаваат овој стил. Според дизајнерите на ентериери, стилот јапанди ќе биде многу популарен при уредувањето во 2021 година, а тоа е стил што ги комбинира јапонскиот дизајн и скандинавскиот минимализам.
Иако овој стил не е целосно нов, оваа година ќе доживее вистинска експанзија. Главниот акцент во овој стил е ставен на функционалниот мебел, минимализмот, природните материјали, едноставните линии и неутралните бои. Целата идеја е формирање простор што нуди пријатна атмосфера.
Поентата е да се следи правилото „помалку е повеќе“, што значи избор на неколку импресивни детали, и сѐ друго да се намали. Најчест избор на бои кога станува збор за овој тренд се беж и бела.
Уметничките дела се исто така фантастичен начин за заживување на овој тренд. Побарајте неутрални и апстрактни слики за да го завршите просторот. Овој тренд е насочен кон пронаоѓање убавина во несовршеноста, како што се детали изработени од дрво со мониста или рачно насликани детали.