Билка што не се плаши од зимата
Многу лица дури и кога ќе решат да одгледуваат растенија, се откажуваат од идејата штом ќе дојдат постудените денови. Вистина е дека домовите не се гостопримливи за многу растенија во текот на зимските и есенските месеци – во едни простории е премногу топло, во други е премногу студено, сув е воздухот и има недостиг од сончева светлина. Сепак, искусните љубители на растенијата, се разбира, знаат како да им обезбедат услови на своите билни миленици. За среќа, постојат решенија за оние што се помалку талентирани, а тоа се растенија што ќе преживеат во сите услови, без премногу напор, дури и во зимските услови на најниски температури.
Една таква отпорна билка за која не е потребна постојана грижа е красулата.
Красулата може да толерира комбинација на ладен воздух и топол радијатор, а покрај преживеаните температурни варијации, ќе ја издржи и близината на отворен прозорец. Кога станува збор за наводнување, за да напредува, доволно е да се полева еднаш на секои три недели. Красулата е позната и како јапонско дрво за пари, а неговиот изглед потсетува на минијатурно дрво, што е, меѓу другото, убав додаток за секој дом. Овој сукулент со зелени месести лисја потекнува од Јужна Африка, а што се однесува до почвата, ѝ одговара мешавина од песок, хумус и земја за цвеќе.