Работи што не се чистат со марамчиња за дезинфекција
Ако користите влажни марамчиња за дезинфекција за сè, време е да престанете да го правите тоа, велат експертите. На одредени површини ваквите марамчиња може да направат многу повеќе штета отколку добро.
Кожени чанти и тапацир: изберете средство за чистење кожа или пробајте со мешавина од топла вода и сјај за садови.
Очила: марамчињата за дезинфекција може да ги оштетат чувствителните облоги на леќите. Наместо тоа, исчистете ги со капка сапун и топла вода или со средство за чистење леќи.
Накит со бисери: чистењето накит со бисери со марамчиња за дезинфекција во никој случај не е добра идеја. Тие може да ги оштетат помеките камења, вклучувајќи бисери, опали и смарагди.
Дамки на облека: алкохолот во марамчињата може да ја избледи бојата и да ја оштети ткаенината.
Екрани на допир во автомобилот: соединенија на алкохол и амонијак во марамчињата може да ги кородираат заштитните облоги на екранот и на крајот да предизвикаат замаглување или дамки.
Намирници: никогаш не треба да бришете овошје, зеленчук или која било друга храна со марамчиња за дезинфекција, бидејќи состојките од марамчињата не се наменети за намирници, но ова е нешто што многумина веќе го знаат.