Трикови за пријатен мирис во домот
Ви откриваме неколку трика за пријатен мирис во домот.
Попладневен мирис на дневната соба – ако мирисот на кафе ве опушта и ви дава чувство на вистинско уживање, доведете го во вашата дневна соба, без притоа да пиете кафе. Наполнете тенџере со зрна од кафе и ставете свеќа во средината. Свеќата ќе ги загрее зрната онолку колку што е потребно за да се рашири пријатната арома на кафе во целата соба. Можете исто така да запалите свеќи со мирис на ванила, што ќе резултира со прекрасна мешавина од кафе и ванила.
Освежување во бањата – еукалиптусот е познат по своите лековити својства, особено за настинки. Меѓутоа, мирисот на ова растение е и вистинско освежување за умот и е идеално за релаксација. Местото каде што најмногу сакате да се опуштите е, меѓу другото, и тушот. Затоа, можете да закачите гранчиња еукалиптус над тушот, кој, ќе го освежи и изгледот на вашата бања.
Пролетен мирис низ целата соба – ставете рузмарин и лимон во еден литар врела вода. Евентуално додадете екстракт од ванила. Оставете го да врие 10 до 15 минути и наскоро целата просторија ќе биде исполнета со прекрасен пролетен свеж мирис.