Практичен трик за заштита на sидовите
Заштитната лента е корисна алатка што може да се користи за преуредување на вашиот дом на безброј различни начини, а тоа ја прави речиси незаменлива. Тaа ни помага да го одржуваме нашиот дом чист додека ги боиме sидовите или мебелот, служи како брз проект за реализација, а најдовме и друг генијален начин што ќе ви помогне да ги заштитите површините во домот од оштетување.
Сигурно барем на еден ѕид имате некаков облик на метални држачи за полици, плакари и слични елементи, а откако ќе ги отстраните сигурно ќе забележите оштетување на ѕидот. Честопати на металот останува боја, која при отстранување на некој елемент може да се излупи. За да избегнете оштетување на бојата и гребење на површината, нанесете заштитна лента на металните држачи, за да дејствува како заштитен слој помеѓу металот и бојата.
Пробајте го овој трик на држачи за плакари, метални закачалки и сите други места каде што металот и бојата се среќаваат, за да избегнете тие да се изгребат.
На овој начин можете да ја одделите тешката метална рамка за слика или огледало од металната рамка малку од ѕидот, при што нема да бидат оставени никакви траги на триење. Едноставно, а сепак многу практично!