Mакедонскиот документарец „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во изборот за номинација за „оскар“ во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Во категоријата најдобар документарец, покрај „Медена земја“, избрани се уште четири филма: „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“ и „За Сама“.
Во категоријата најдобар странски филм во изборот влегоа: „Медена земја“, „Корпус кристи“, „Клетници“, „Болка и слава“ и „Паразит“.
Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во девет категории, а доделувањето на „оскарите“ ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.