Студиото „Волт Дизни“ во петокот објави дека анимираниот филм „Еден и единствен Иван“, адаптација на најпродаваната, наградувана книга за еден необичен горила, во режија на Теа Шарок, премиерно ќе се прикаже на стриминг-платформата „Дизни плус“ на 21 август.
Премиерата на филмот требаше да биде во киносала на 14 август, но пандемијата на Ковид-19 го натера Дизни, компанијата која стои зад филмот, да го смени планот.
„Еден и единствен Иван“ – комбинација на авантура и специјални ефекти – е преубава приказна за убавината на пријателството, силата на визуелизација и значењето на местото кое го нарекуваме дом. „Еден и единствен Иван“, кој излегува на екранот во импресивен хибрид на акција во живо и CGI, е базиран на книгата на Кетрин Еплгејт, која освои бројни награди по објавувањето во 2013 година.
Добитничката на Оскар, Анџелина Џоли го продуцира филмот и го дава гласот за слоницата Стела, која му помага на сребрениот горила Иван (Сем Роквел / Бен Бишоп) да направи план за да избега од заробеништво во Биг Топ Мол.
Режисерката Теа Шарок („Јас пред тебе“) застана на кормилото на филмската адаптација што ја направи сценаристот Мајк Вајт на детскиот бестселер на Кетрин Еплгејт.
„Јас сум многу среќна што можеме да ја споделиме прекрасната и оригинална приказна на Кетрин Еплгејт со светот овој август на Дизни +, и да донесеме малку радост со овој уникатен филм на вистинско пријателство, инспириран од вистинска приказна, “ изјави режисерката.
Аплгејт беше инспирирана од вистинскиот Иван, заробен горила од западна Африка, кој бил во заробеништво од 1967 до 1994 година се до својата смрт на возраст 50.