Денешниот ден е прогласен за ден на жалост на територијата на градот Нови Сад, по повод смртта на музичарот, Ѓорѓе Балашевиќ.
Градската управа соопшти дека на билбордите и на автобуските постојки во градот ќе бидат поставени цитати од неговите песни.
Балашевиќ почина на 67-годишна возраст во петокот, на 19 февруари, поради компликации предизвикани од коронавирус.