Дензел Вашингтон и Џулија Робертс ќе ги играат главните улоги во новата семејна драма на Нетфликс „Остави го светот зад себе“, пишува „Вераети“.
Филмот е адаптација на книгата на Румаан Алама, а режисер е Сем Есмаил. Тој предходно ги режираше филмовите „Г. Робот“ и „Доаѓање дома“.
Сè уште не е познато кога ќе биде премиерата на филмот, но најавено е дека истоимената книга на Алама ќе биде објавена во октомври оваа година.
Новиот филм на Нетфликс ја носи приказната за две семејства што не се познаваат меѓу себе, но нивните патеки се спојуваат кога ќе се сретнат за време на еден викенд и се принудени да го поминат времето заедно. Робертс игра мајка на семејство што изнајмува куќа, додека Вашингтон ја има улогата на ликот што е сопственик на таа куќа.
Приказната ги истражува комплексностите на родителството, расите и различните класи – и покажува начин како нашите најблиски односи можат да се променат во моменти на криза.
Вашингтон и Робертс претходно соработуваа во филмот „Досието Пеликан“ од 1993 година, кој беше снимен под режија на Алан Џеј Пакула.