Вистински задоволства за љубителите на мистерии, хорори и трилери, кои ве држат во страв и неизвесност до самиот крај. Ако сте љубител на истражувањата за човечката психологија, вие сте на вистинското место – ви ги претставуваме деветте најсилни филмови за човечката психа, во кои главните актери страдаат од тешки ментални нарушувања!
„Црниот лебед“ (2010)
Главниот лик е балерина што ја игра главната улога во истоимената балетска претстава. Со текот на времето, таа станува опседната со карактерот на нејзината улога и ги зема нејзините карактеристики.
Натали Портман доби „оскар“ за улогата во овој моќен филм.
„Треба да зборуваме за Кевин“ (2011)
Приказна за мајка што родила син со ментално растројство, кој станува убиец. Мајката (Тилда Свинтон) ја измачува прашањето дали таа можела да промени нешто и дали погрешила во нешто…
„Тажната Јасмин“ (2013)
Сиромашната бездомница Јасмин (Кејт Бланшет) живее со својата сестра и се замислува како богата, образована жена на висока позиција. Нејзините соништа се остваруваат, но Јасмин сè повеќе тоне во своето лудило…
„Легендата“ (2015)
Филмот се базира на вистински настани и раскажува за животот на браќата близнаци Креј, гангстери што сееле страв низ Лондон во 60-тите години на минатиот век. Едниот брат страда од шизофренија, а двете улоги ги игра феноменалниот Том Харди.
„Поделен“ (2016)
Хорор за манијак што страда од синдром на повеќекратни личности. Сите негови личности го чекаат раѓањето на една нова личност – ѕверот, додека истовремено држат во заробеништво две девојчиња. Генијалниот британски актер Џејмс Мекавој игра дури осум различни улоги во овој филм!
„Отсекогаш сме живееле во замок“ (2019)
Две сестри и чичко живеат на имотот на семејството Блеквуд, целосно сами, затоа што ги прогонуваат соседите. Постарата сестра Констанца не излегла од куќата шест години, откако била ослободена од обвинението дека ги затрула своите родители. Помалата сестра ги усовршува своите волшебни сили и мрази сè, освен нејзината сестра. Еден пријателка се обидува да ја убеди Констанца да се врати во нормалниот живот, а потоа во нивната куќа доаѓа роднината Чарлс. Тогаш во куќата започнуваат проблемите…
„Ластовичка“ (2019)
Девојка омажена за богат бизнисмен почнува да се чувствува инфериорно, а своето нарушување се обидува да го излекува со голтање предмети што можат да бидат фатални за неа и за нејзиното неродено бебе…
„Џокер“ (2019)
Хоакин Феникс го игра Артур Флек, неуспешен стендап-комичар што работи како кловн. Тој се чувствува отфрлен од општеството, а својата неприспособеност кон околината ја открива секогаш кога почнува неконтролирано да се смее во најмалку соодветни моменти. На неговата психичка состојба не помагаат ни сериозните ментални проблеми од кои страда. Артур се грижи за својата мајка, но може да се види дека му недостига татковска фигура, па затоа е принуден да ја бара меѓу луѓето, како што е телевизискиот водител Мари Франклин, кој го глуми Роберт де Ниро, и милијардерот Томас Вејн, кој го игра Брет Кален. Во целосна психолошка разорност, насилството станува единственото решение…
„Невидливиот човек“ (2020)
Главните улоги ги играат социопат и насилник, и неговата жртва (Елизабет Мос), која страда од посттрауматско стресно нарушување. Во оваа страшна приказна ве чекаат цела низа ментални проблеми…