Владата донесе уредба за финансиска поддршка на македонските естрадни уметници за време на вонредна состојба предизвикана од коронавирусот, за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето-износ од 14.500 денари.
За исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници.
Во тек е и онлајн акција на групата „Музика сега“, со која се повикуваат сите активни музичари, автори, исполнители од земјава да се потпишат на петицијата за итно враќање на музичките настани кај нас. Таа ќе биде доставена заедно со писмото на предлози до сите релевантни фактори во државата (Влада, Министерство за култура, Министерство за економија/финансии, амбасади…). Целта е да заживее музичката сцена, која почна да се буди и во нашето опкружување.